Светски познатиот бугарски виолинист Васко Василев ќе биде концерт-мајстор на оркестарот за крунисувањето на кралот Чарлс
Светски познатиот бугарски виолинист Васко Василев ќе биде концерт-мајстор на оркестарот за крунисувањето на кралот Чарлс, известуваат од тимот на виртуозниот музичар. Настанот ќе се одржи на 6 мај во Вестминстерската опатија, каде што се одржуваат крунисувањата на британските монарси од 1066 година.
The Coronation Orchestra е името на специјалниот оркестар кој ќе собере музичари од сите оркестри во Обединето Кралство. Потврдено е дека концертот ќе го диригира Сер Антонио Папано.
„За мене е голема привилегија и чест да ја добијам оваа покана и да бидам дел од историскиот настан. Кралот со години ги поддржува музичарите во Обединетото Кралство и особено Кралската опера, така што оваа обврска ја прифаќам со голема одговорност , голема возбуда и нескриено задоволство“, вели Васко Василев.
Специфичниот состав на Coronation Orchestra, како и репертоарот допрва ќе се прецизираат.
