Зеленски бара заострување на санкциите против Русија ако нема трилатерална средба
Претседателот на Украина Володимир Зеленски повторно истакна дека санкциите против Русија треба да се зајакнат доколку не се одржи трилатерална средба меѓу него, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин или ако Русија се обиде да избегне ставање крај на војната.
Тој објасни дека за ова разговарал со Трамп по средбата на американскиот претседател со Путин во Анкориџ, Алјаска, нагласувајќи дека „санкциите се ефективна алатка“.
„Санкциите треба да се зајакнат ако нема трилатерална средба или ако Русија се обиде да го избегне чесниот крај на војната“, додаде Зеленски.
