| |

Светски познато шоу сними филм за традиционалниот свадбарски обичај „Гелина“ во селото Рибново

Селото Рибново во Бугарија повторно ќе се прослави, овој пат во ова населено место дојде екипа на светски познатото шоу The Treasures of the World со Бетани Хјуз. Тимот снима филм за традиционалната свадба во Рибново.

Локалниот учител Ибрахим Кадриев за локалните медиуми изјавил дека ритуалот „Гелина“, е снимен во домот на Сание Питарева.

Девојката Фикрие Бабечка ја презела улогата на невеста и издржа повеќе од 3 часа додека и биде украсено лицето.

Гелина од Рибново е невестински ритуал кој постои само во тоа село. Тимот ќе му ја покаже на светот, таа прекрасна традиција и овој ритуал, со кој се препознатливи свадбите во тоа планинско село во пиринскиот крај на Бугарија.



Слични Објави