|

СВЛЕЧИШТЕ НА УЛИЦА ВО ШТИП ПРАВИ ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ НА СТАНАРИТЕ. ЌЕ ГО РЕШАТ ЛИ ПРОБЛЕМОТ НАДЛЕЖНИТЕ?

Веќе подолг период овде проблем е атмосферската која некотролирано тече по улицата која освен свлечиште предизвикува и големи штети во подрумите на околните згради.

„Минатиот месец двапати во неделата и целата вода право по подрумите ние сме веќе во години и цело време имаме проблеми во подрумите“ …„Сега нема каде да се влева водата и директно влегува во нашите подруми. Природно си имаше кај да се слева водата но сега е израмнета земјата“ изјавија анкетираните жители.

Жителите од оваа зграда се очајни зошто неколкупати реагирале до надлежните барајќи овојх проблем конечно да се реши.

Доколку проблемот не се реш Сооглед на неговата тежината тие размислуваат и на организирана форма на граѓанско делување.

„Треба да се направе да се реши овај проблем да се стават некои цевки да има каде да оде таа вода. Ако треба ќе направеме петиција цела зграда овај проблем треба да се реши“

Реакцијата за проблемот стигна и до Телевизија Стар која од надлежните истотака побара одговор кога и како овој проблем ќе се реши.

Запознати сме проблемот. Од утре стартуваме со негово решавање. Ќе поставиме канал за слевање на атмосферската вода.Со тоа ќе се избегне досегашното поплавување на подрумите. Што се однесува до свлечиштето, ќе изготвиме во најкраток временски период соодветен план за негово санирање изјавија денеска за ТВ Стар надлежните од ЈП Стипион.

Извор: ТВ Стар 



Слични Објави