| |

СВР СКОПЈЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ МИГРАНТИ НА ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Х.М.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по член 418 Б став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 26.08.2018 година во 12.00 часот на бул.„Киро Глигоров“, при рутинска контрола, полициски службеници запреле патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, а управувано од пријавениот. Притоа, во возилото биле пронајдени три лица мигранти (две машки на возраст од 26 и 28 години и една жена на возраст од 31 година), сите од Иран, кои не поседувале документи.

Пријавениот и мигрантите се лишени од слобода. По наредба на Јавен обвинител, против Х.М. е поднесена пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје.

Слични Објави