|

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Она што до вчера беше претставувано како скромна, неподмитлива и народна опција, денес се демаскира како профитерска и елитистичка. Апасиев и неговата партија Левица, од левичарска и работничка сила, се претворија во елитистичка партија која гази врз сопствените членови, обвини Манасиевски.

Доказ за ваквото однесување, според него, е купувањето на конфискуван недвижен имот во центарот на градот за 250 илјади евра – сума далеку под реалната пазарна цена. Јавноста првично беше замајувана дека ваквата информација не е точна, но вистината сепак излезе на површина. Просторот, како што беше потврдено, е навистина купен преку директен договор со извршител и банка – институции кон кои Левица со години се поставуваше како остар критичар.

„Истата таа Левица и истиот тој Апасиев, кои до вчера ги обвинуваа другите за корупција и за привилегии, денес се дел од истите практики“, истакна Манасиевски. Тој додава дека партијата собира донации од граѓаните, додека средствата завршуваат во џебот на партискиот врв.

Дополнително, од останатите пратеници бараат отчет за патни трошоци, додека самите ја практикуваат истата пракса што ја осудуваат. „Апасиев и Левица се сè, само не неподмитливи и скромни. Нивната вистинска агенда е јасна – од наводно неподмитливи до профитери“, порача Манасиевски, нагласувајќи дека јавноста конечно го гледа вистинското лице на оваа партија.



Слични Објави