СЗО повика на вакцинација на децата против сипаници
Светската здравствена организација повика да се вакцинираат децата кои не биле вакцинирани против мали сипаници за време на пандемијата Ковид-19, нагласувајќи дека болеста минатата година се појавила во повеќе од 50 земји.
Во изминатата година, сипаниците се појавија во повеќе од 50 земји, двојно повеќе отколку во 2022 година, рече на виртуелна прес-конференција Кејт О’Брајан, директорката за имунизација на СЗО.
Малите сипаници се многу заразна вирусна болест која предизвикува симптоми слични на грип и осип. Тоа понекогаш може да биде фатално, но може да се спречи со две дози од вакцината.
„Поради пандемијата „Ковид-19“, речиси 60 милиони деца ширум светот пропуштија да се вакцинираат“, рече О’Брајан, истакнувајќи дека е „навистина од клучна важност“ тоа да се надокнади.
На вакцинација против морбили вчера повика и Американскиот центар за контрола и превенција на болести.