БУГАРИЈА И ПРЕДЛОЖИ НА РС МАКЕДОНИЈА АКЦИСКИ ПЛАН ВО ПОВЕЌЕ СЕКТОРИ

Бугарија дава предлог-план за активности во однос на соработката со РС Македонија во спроведувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Се очекува тој документ кој што ги засега сите секторни министерства да биде потпишан на следната седница на заедничката меѓувладина комисија. Тоа стана јасно денеска по средбата меѓу бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева и специјалниот пратеник на РС Македонија, Владо Бучковски, кој што се наоѓа во работна посета во Бугарија. За време на средбата е направена анализа на спроведувањето на неколку практични ангажмани за кои Бугарија констатира намалување на интензитетот од страна на РС Македонија.

loading...

loading...