МОУСТ СЕКСИТО И ПРЕСПАНСКАТА УБАВИЦА

//

Додека нашиот секси моторџија ја брка најсекси девојката во светот, полека но успешно ги брка и оние најупорните кои очајно се надеваат на подобро утре… Еее колку треба да ја * најсекси девојката… За таква девојка треба или да си убав или да си мангуп или да имаш дебело конто, а не да зјапаш во неа со отворена уста како „цаур”, доколку не ви е јасен терминот, најдете некој да ви го преведе, или доволно е да се видите на снимките со широкозабна насмевка или пак оние со шлемовите. Потсвесно се надевав дека ќе видам некој на фотографијата во стилот на поранешната министерка за внатрешни работи и нејзината кацига, ама сигурно некој преходно ви направил смотра. Абе не е доволно да се качиш на моторот и да се повозиш до Преспа каде што немавте стискавец ни да ја прославите годишнината која ја затскривте под друго име, затоа што домашниот есап не Ви излезе на пазарот. Зошто не продолживте уште некој километар со вожњата на пример до с. Стење кое требаше да биде македонското (се извинувам, северно македонското – во ваш стил) Сен Тропе. Така ќе ја промовирате Преспа?! Ако не сте доволно запознати видете по порталите во каква состојба е она со кое вашите претходници испраа милионски суми, си делеа тендерчиња како локуми, се редеа бекатони на сите страни, се садеа палми на секое ќоше… Успешни и одржливи проекти, исто колку и овие вашите. Не ги прескокнувајте и фотографиите од чистењето, организирано и финансирано од тамошните мештани… Е така се запознава Преспа од блиску.

Нели требаше некој да одговара и за овие пари, или не ги есапите за да не „тилтова” бројчаникот? Ајде да почекаме, можеби ги вразумивте довчерашните криминалци, кои се претворија во ваши бизнис партнери, па ќе продолжите со реализацијата на проектите од каде што застанаа, со оглед на тоа што по нивните стапки почнавте да ја рекламирате вашата Влада и сите старо-нови проекти, можеби во новите рекламни спотови за инвестиции во земјоделството ќе ги видиме и јаболката кои завршија во езерото, во истата таа Преспа што ја запознававме…

Дајте бре, барем да бевте малку покреативни, ангажирајте некоја агенција, огледајте се на успешните општински власти, каде што кај и да е ќе ангажираат и лица за држење на правец, со што ќе се избегне валкањето на шолјите во тоалетите. Е не е доволно смешкањето на лево-на десно, заменивме еден таков кој си намигнуваше со најмоќните претседатели, но со оглед на традицијата која ја продолжувате не може да се очекува и нешто повеќе.

Оние прозваните кои ги разрешивте пред некој ден, ги разместивте горе-долу како докажани стручњаци, па доколку не му оди во едно министерство, можеби во друго ќе се пронајдат… Не може само во нив да се бара вината, можеби на луѓето не им беше погодена канцеларијата, така да со формирањето на новите министерста кои требаше да бидат помалку од дваесет, ќе ги докажат своите квалитети.



И така пак „статива” кај најсекси девојката, но само упорно. Ако не оваа година, можеби другата година, но не ќе да е до девојката…

Автор: Благојче Трајковски, Член на УК на ГДУ

Претходна статија

ЦАРОВСКА: ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ СТАБИЛЕН, ПРВПАТ СЕ ИСПЛАТИЈА ПЕНЗИИ БЕЗ ЗАДОЛЖУВАЊА

Следна статија

ПА ШТА СИ ТИ?

Најново од Истакнато