|

(Видео) „Да си го претвориш животот во песна“- филм за солистката на ансамбл „Пирин“ Палагија Костова

Во рубриката „Архивите зборуваат“ од прашината на времето го вадиме „Да си го претвориш животот во песна“ – филм за долгогодишната солистка на Ансамблот „Пирин“ од Благоевград, Палагија Костова. Токму песната ја натерала една 17-годишна девојка во 1957 година да го изоди целиот пат од селото Доб’рско до Благоевград за да се појави на објавениот конкурс за пејачи во Ансамблот „Пирин“.

Лентата е снимена во 2010 година, по повод 70-годишнината на пејачката и прославата на 40 години од нејзиниот прв сценски настап. Години во кои успеала својот живот да го претвори во песна. Сценарист на филмот е Атанас Пиронев, снимател е Феодор Сургов, а режисер Елица Цветанова.




Слични Објави