ТРОЈНО УБИСТВО ВО ДЕБАР
Непознат сторител извршил тројно убиство во Дебар. Жртвите се мајка, татко и ќерка на возраст од околу 13 години. Не е познато кога и со што е извршено убиството. Од Обвинителството велат дека жртвите се семејство, кое времено живеело во Италија. Јавен обвинител веќе е на терен и работи на откривање на сторителот и на утврдување на мотивите.

