|

СЗО: СЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ КОРОНА ВИРУСОТ СЕ ПРЕНЕСУВА ПРЕКУ ВОЗДУХ

Коронавирусот што првпат беше регистриран во кинескиот град Вухан, од кој починаа веќе 25 луѓе, многу полесно се пренесува од човек на човек отколку што претходно се предвидуваше, изјави Дејвид Хејман од Светска здравствена организација (СЗО).

„Се собираат докази дека вирусот може да се шири и на далечина, на пример ако заразено лице кивне или кашла пред друг човек. Засега немаме докази дека вирусот се шири преку воздух како грипот“, додава Хејман.

Досега од коронавирусот заразени се повеќе од 700 луѓе.

Првенсвено се мислеше дела коронавирусот се шири само преку многу близок контакт, како прегратка, бакнување или користење на заеднички прибор за јадење.

Слични Објави