| |

Таа пак е тука

Пишува: Христо Михајлов

Која всушност беше Мара Бунева? Дете на мајчина и татковска радост , послушник, бунтовник воин и револуционер, верен ученик на Даме, Гоце и Тодор и достојна пријателка и сподвижничка на Иван Михајлов, ќерка на поробена Македонија и определена жртва на Бог и Родината. Таа Родина има многу синови и керќи коишто се готови за неа да загинат, но тогаш саможртва била само една ќерка неизмерлива и голема.

Со Знамето на Слободата таа прекосува родни и туѓи земји носејќи едно срце, и секоја стреа е нејзин дом, секој дом е нејзина крепост, затоа што делото и е дело Христово. Можеше ли Мара Бунева да не се саможртвува? Да! Но зашто ВМРО не ја ослободи од таа одговорност? Болката и маката беа толку големи, што прозрението не и дозволи таа да биде понижена! Таа требаше како Исус Христос да си го изоди својот голготски пат. Таа ја носеше безумноста во херојството на еден Цар Смуил штом посегна по една империја наречена Југославија, прозрението на Свети Климент Охридски штом покрстуваше во куполата на слободата цел еден народ, мудроста на Даме Груев, кој провикна “подобро ужасен крај отколку ужаси без крај“.

Ја имаше далекувидоста на Гоце Делчев за да ги препознае сите наоколу и да поверува во силите само на својот народ, го имаше копнежот на Тодор Александров, за слободатаа од туѓи и свои врагови! Ја носеше самопожртвуваноста на херојот Владо Черноземски, “добриот пастир“ што ја дава и својата душа за стадото… Накусо кажано, великата Мара Бунева го носеше во себе си сето она во што се содржеше Македонија! И сите ние смирено се преклонуваме – признателни сме што имаме татковина, ние сме осудени на верност за да ја пазиме нејзината слобода!

Уште од исконски времиња та се досега човекот е најмистичната и најреалната жртва пред олтарот на слободата – слобода од грев , слобода од тиранија. Многу се жртвените клади на личности од нашата историја, но има една света жртва, пред која што мажи и жени, деца и старци, свои и туѓи оддавале почит. Таа жртва е Мара Бунева- симболот на македонскот непокор, со такви херои може да се гордее секој еден народ. а да се самоуништи секој кој не ги уважува! Денешна Р. Мкаедонија бавно и мачително , но сепак сигурно, излегува од хипнозата на повеќедеценискиот српски и србокомунистички кошмар. Зашто преодот кај нас ни потцрта дека освен заедничките форми за сите источно европски држави, има и една суштстван одлика – односот кон историското минато и националната идентичност, патем раздразнувајќи ги досегашните толкувачи на србизираната митологија за историјата на Македонија. Бидејќи според моменталната митологизирана во белградски дух историографија, кристалната македонска патриотка Мара Бунева и натаму се третира како предавник и божем орудие на туѓи интереси.

Евентуалното конечно отфрлање на фалшивата обвивка и раскривањето на историската вистина жестоко ги растревожува сите оние што во продолжение на повеќе од педесет и кусурот години си го ваделе насушниот леб со најдоходовната професија во Р.Македонија -антиисторизмот. Точно тој е и вистинскиот повод за нивната нервоза, бидејќи смело се растргнува завесата на лагите ( факти потопени во измама и изопачени тези на коишто дури и најголемиот непријател би се посрамотил да им ракоплеска) и несправедливо намерно заборавениот подвиг на македонката Мара Бунева, која загина во борбата против српската тиранија. Тие нешта разбудуваат непријатности кај српските креатури на ненапишната историја кај нас и тој е проблемот на младата репбулика и на преодот кон демократијата во неа. Всушност, како да се напише единствената вистинска историја?! А таа историја бездруго ќе ја разотркие и целата злокобна ролја на Белград тогаш и сега. Подвигот на илинденската следбеничка Мара БУнева веднаш беше испишан на страниците на националната револуција, а нејзиното име станува симбол на хероизам, на борба, зов за безкомпромисно однесување кон поробителите, тоа беше храна од којашто се храниме и денес. Таа жена со националната девственост како да е неизвесна за апостолите на србокомунизмот (носители на македониситичкиот бацил и нови србомански агенти од класичен стил) и нејзиното име не се споменува ниту во еден учебник по историја во РС.Македонија.

За неа академиците од МАНУ на младата држава молчат засрамено, зашто тоа се само импровизирани историчари со патолошка збунетстот движејќи се по периферијата на науката и дневната политика. Навремето истрелите Мара Бунева го подигна пердето на стравот и невозможноста да се живее вечно во ропство. Само едно големо ослободително движење како македонското, може да создаде такви силни карактери и големи херои, а вредноста и значењето на подвигот на Мара Бунева таа небесна академија на хероизмот не е во самото убиство, ами во подговтвеноста стоечки да ги поднесе сите горчини и сите страдања, но да биде верна докрај на светото дело. Жени како неа се реткост не само во македонското ослободително движење, но и во светската историја, та затоа и тогашниот европски печат оддели цели колони за да го опише нејзиното дело во новата историја.

Пред нас испакнува еден мошне силен карактер, една трвда волја и една голема личност. За нејзината чести и во нејзина почест, треба да се надминат и презрат оние кои сакаат да го омаловажат нејзиниот подвиг и нејзината саможртва, а во пазувите на дотегнатата робија се раѓаат светли умови во името на духовната и политичка слобода. Железната Мара Бунева си остана се до последниот час чесна и добродетелна Македонка, а сето друго кажано е само плод на развиена фантазија на духовните суфлери на македонистичкиот дефетизам и глас на викачи во пустина. Беше сопруга до крај, но во името на великото дело кое што тебаше да го го изврши, прифати еден вештачки подготвен развод. Мара Бунева силно го сакаше своето семејство и покрај горчините коишто им ги причини. Старателно избегнуваше да оди во родното си Тетово особено во последните месеци пред одмаздничкиот чин, со намера да ги спаси своите блиски од одмаздата на српската солдатеска и полиција. Бунева не ја бара помошта во Организацијата бидејќи таа самата работи и со тежок труд се прехранува, никому на товар, иако знае дека ќе умре.

Еден народ врши погреб не само зашто е потчинет на законот на смртта ами и затоа што верува во Воскресението, а саможртвите ги надминуваат колебањата, кинејќи ја вергигата на послушноста. Мара Бунева загина покрај Вардар во Скопје како најголем враг на Караѓорѓевикевата империја…не неизбежниот крај му дава величие на делото, ами величието на делото го одреди достојниот крај. Тие саможртви не се оплакуваат, тие просто се митологизираат!

Ниту возраста на слобдата ни е толку голема во споредба со ропското време, ниту пак нејзината смрт е толку далечна за да ги загубиме спомените за неа. Ние сите премногу добро знаеме дека имаше време, кога партијата и државата во повеќегодишната темна ноќ на србокомунистичкото ропство си дозволуваа да не лишуваат од спомени и почит пред паднатите херои од ВМРО, од принесување на цвет и солзи пред светоста на Македонија, пред народната свест, пред иконата на слободата Мара Бунева. Години наред црквата ни говореше за неа со притаен глас, а државната и политичката власт мудро молчеа. Сепак, таа беше и остана светец во храмот на слободата и револуционер во душите на луѓето! Таа сведочеше против натрапеното србоманство и во условно речено слободна Р.Македонија. Стравот на српскиот поробувач ја уби и обесмртни но патолошкиот страв на комунистичката власт кај нас ја погреба во молк, зашто таа ни ја припомнуваше борбата против тиранијата, наложена од туѓи и свои, секогаш против македонските бугари, есенцијата на слободарскиот дух на непокорната Македонија!



Слични Објави