Тачи: Ќе објавиме податоци за убиството на Ивановиќ

//

Во најскоро време истражните органи ќе објават конкретни податоци за убиството на лидерот на граѓанската иницијатива “Слобода, демократија, вистина” во Косово, Оливер Ивановиќ.

Ова го изјави косовскиот претседател Хашим Тачи за време на прес-конференција во Приштина. “Станува збор за криминална пресметка, без јасни податоци за политички мотиви. Исклучувам секаков етнички мотив за ова злосторство. По ова прашање зборував и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Белград изрази подготвеност да помогне на нашите институции при размената на информации околу атентатот на Ивановиќ “, рече Хашим Тачи. Тој прецизира дека “институциите во Косово соработуваат со КФОР и ги користат сите можности за откривање на сторителите на ова кривично дело”.



Претходна статија

Интервју на министерот Оливер Спасовски за Радио Бум

Следна статија

Судијата кој удри па исклучи играч доби суспензија од шест месеци (ВИДЕО)

Најново од Вести