Тагарев за „Политико“: Бугарија ќе ја зголеми поддршката за Украина со муницијата што и е потребна
Министерот за одбрана Тодор Тагарев во интервју за „Политико“ изјави дека Бугарија ќе ја зголеми поддршката за Украина со муницијата што и е потребна за нејзината борба против Русија.
Изданието забележува дека Бугарија е меѓу единствените две земји-членки на ЕУ кои не се приклучија на генералната нарачка за гранати од 155 милиметри за Украина под Европската агенција за одбрана, а другата е Ирска, која е воено неутрална. Сепак, проверката на веб-страницата на агенцијата покажува дека и Данска не учествува.
„Ние имаме намера да се приклучиме на оваа коалиција“, вели Тагарев, додавајќи дека веројатно ќе можеме да обезбедиме дел од потребната муниција за Украина. Министерот додава дека нема политичко решение, но секако ќе се потруди и верува дека ќе се најде начин.
“Oвој потег е остар пресврт за балканската земја, чија нова влада ја презеде функцијата минатата недела по период на продолжена нестабилност на пет парламентарни избори во две години.Бугарскиот претседател Румен Радев, според некои како мек кон Русија и со овластување да назначува службени влади, и нареди на земјата да не се приклучува на коалицијата во март“, забележува Политико.
„Предноста на Софија во приклучувањето е тоа што Бугарија традиционално е специјализирана за производство на мало, лесно оружје и муниција, произведени уште од времето на СССР“, вели министерот Тагарев.
Истовремено, тој посочува дека испораката на авиони – борци МИГ-29 и противвоздушни системи ќе биде „предизвик“, бидејќи и се потребни на Бугарија. Министерот вели и дека Бугарија е на пат да ги зголеми трошоците за одбраната и да достигне 2 отсто од БДП до 2024 година, што, според него, е минимум. „Украина мора дефинитивно да стане членка на НАТО кога условите ќе го дозволат тоа што значи по завршувањето на војната со Русија“, категоричен е тој.
Сепак, министерот Тагарев признава дека одбраната на овој став не е лесна задача во земја каде според последната анкета во декември само 46 отсто од луѓето веруваат дека за војната во Украина е виновна Русија. За споредба – во ЕУ просечниот процент е 88.