Талат Џафери доби орден од Украина

/

Во рамките на Првиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа кој што се одржува во Загреб, претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, му додели на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, Орден „Јарослав Мудриот“.

Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, за значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот.

Од собраниската прес-служба информираат дека покрај Џафери, овој Орден за заслуги го добиле и Ненси Пелоси од САД, Бас Бербел од Сојузна Република Германија, како и повеќе политички личности од Полска, Норвешка, Ирска, Швајцарија, Франција, Естонија, Литванија и Хрватска.





Претходна статија

Маричиќ: ЕУ ни помага во енергетската криза и во реформите, во клучен момент

Следна статија

Влада: Се олеснуваат процедурите за поставување фотонапонски електроцентрали

Најново од Вести