ТАЛЕНТИРАНИОТ ЦЕНТАР НА АТЛАНТА ДОБИ СУСПЕНЗИЈА ОД 25 МЕЧА

Центарот на Атланта хокс, Џон Колинс беше суспендиран на 25 натпревари поради кршење на антидопинг програмата.

Колинс бил позитивен на тестирањето, на кое било потврдено дека користел супстанција за зголемување на хормоните за раст.

„Сакам да им се извинам на соиграчите, клубот, навивачите, партнерите и целата заедница. Разбирам дека ова негативно влијае на тоа што сакаме да го постигнеме, но во процес сум на жалба“, кажа Колинс.

Младиот кошаркар сезонава одигра пет меча, а во просек постигнуваше по 17 поени и 8,8 скокови.

Извор: Спорт1

Слични Објави