Талибанците објавија општа „амнестија“и ги повикаа жените да се приклучат на владата

/

Талибанците прогласија општа „амнестија“ ширум Авганистан и ги повикаа жените да се приклучат во владата, обидувајќи се да ги смират нервите во напнатиот главен град, кој само ден претходно забележа хаос на аеродромот, додека илјадници луѓе го опколија во очајнички обид да побегнат од земјата, јавува Aljazeera.

Членка на талибанската администрација Енамулах Самангани во телевизиско интервју за авганистанската државна телевизија, која сега милитантите ја контролираат, ги повика жените да се приклучат на владата.



„Исламскиот емират не сака жените да бидат жртви. Структурата на владата не е целосно јасна, но врз основа на искуството, треба да има целосно исламско раководство и сите страни да се приклучат “, рече, Самангани во интервјуто.

Претходна статија

Пронајдено безживотното тело на момчето кое завчера се удави во Вардар кај неготинско Пепелиште

Следна статија

Увид во Табановце каде беа пронајдени починати маж и жена

Најново од Вести