Талибанците забранија авганистански државјани да одат на аеродромот во Кабул и повторија: Нема продолжување на рокот

/

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид на денешната прес-конференција изјави дека „гужвите пред аеродромот во Кабул се проблем за нив“. Тој рече дека „поради хаотичната ситуација“, Талибанците повеќе не дозволуваат авганистански граѓани да одат на аеродромот во Кабул.

– Работиме за да помогнеме, но за жал, Американците се уште ја продолжуваат својата политика и се обидуваат да ги извлечат Авганистанците од земјата и да ги однесат во неизвесна иднина, рече Муџахид на денешната прес конференција.

Тој ги повика САД да не го „охрабруваат“ авганистанскиот народ, а особено луѓето со вештини и „образована елита“, да ја напуштат земјата. Исламистичката група посочи дека Американците земаат „авганистански експерти“, како што се инженери, од Авганистан. – Бараме од нив да го прекинат овој процес, рече Муџахид

Тој потенцираше дека Авганистанците повеќе не треба да доаѓаат на аеродромот и ги повика оние што се таму да се вратат во нивните домови. Портпаролот тврди дека нивната безбедност ќе биде загарантирана, пренесува Хина. Целиот напис можете да го видите овде.



Извор: Zoom.mk

Претходна статија

Во ковид-центарот во Охрид хоспитализирани 32 пациенти

Следна статија

Пановски: Филипче го советуваат анонимни експерти – „Вакцинираните не се поимуни од тие кои го прележале вирусот“

Најново од Вести