|

Таравари го претстави идниот кабинет: Вредни луѓе од сите етникуми, експерти од повеќе области

Кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари вчера го промовираше својот тим со кој ќе ја бара довербата од граѓаните на изборите на 24 април. Забележлив е фактот дека за прв пат претседателски кандидат тоа го прави пред изборите.

Во својот кабинет Арбен Таравари, како што вели, има собрано вредни луѓе од сите етникуми, експерти од повеќе области, доктори на науки, одлични познавачи на приликите во државава, кои без сомнение ќе можат да дадат свој придонес за подобрување на животот на граѓаните.

„Моето претседателство ќе се води од европските вредности. Нашиот кабинет ќе го предводат експертите: Калтрина Зеколи-Шаќири – професор од областа на граѓанското право; Танер Хасан, доктор по медицински науки (од турската заедница); Бари Абдули, магистер по право (од ромската заедница), Земри Елези, професор на УЕЈЛ“, изјави Арбен Таравари при презентацијата на својот тим.

Таравари најави дека претставил само неколку имиња, а во иднина овој тим ќе се прошири и со други вредни луѓе.

Слични Објави