|

Таравари: Ќе му предложам на Собранието итно повлекување на Македонија од иницијативата Отворен Балкан

Кандидатот за претседател Арбен Таравари ги истакна двете клучни точки од неговата програма насочени кон интеграција на Северна Македонија во регионот и во Европската Унија.

Според Таравари, итно излегување на земјата од иницијативата Отворен Балкан и целосно усогласување на надворешната политика со онаа на Европската Унија, особено во однос на санкциите кон Русија, се главните точки на интеграција во регионот и во Европа.

Оваа визија, како што истакнува Таравари, има за цел да обезбеди стабилна и успешна интеграција на земјата во регионот и на европско ниво.

„Врз основа на член 121 од Уставот, ќе му предложам на Собранието итно повлекување на Северна Македонија од иницијативата Отворен Балкан. Ќе се заложам за целосно усогласување на нашата надворешна политика со онаа на ЕУ, особено во однос на санкциите на ЕУ против Русија.“, вели Таравари.



Слични Објави