|

Таткото јавил кога Вања ќе излезе од дома, ја грабнале од влезот на зградата за да изнудат пари од мајката

Таткото на киднапираното па убиено 14-годишно девојче споделил со убијците информации кога и како Вања ќе излезе од дома, за организираната група од петмина да изнуди пари од мајката, извести денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Вања била грабната со возилото на исчезнатиот па убиен велешанец кој имал нерасчистени односи со еден од петмината осомничени.

„Токму со тоа возило е земена малолетничката и тоа во влезот од зградата односно од живеалиштето, откако претходно Според исказите на осомничените таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома“, рече министерот Спасовски.

Организаторот на убиството на Вања Ѓорчевска, кој министерот го нарече монструм, бил тој кој што пукал во неа.

„Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27 .11, според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил маллетничката, исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага после првата пријава за тоа стореното кривично дело. Можам да ветам дека ќе сторам се и јас и институцијата ова лице или овој монструм на кој му ја следиме трагата час поскоро штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата“ рече министерот Спасовски.

Тој извести дека ја следат трагата на организаторот кој избегал од државата прво за Белград , а потоа заминал за Бугарија. За его ќе биде распишана меѓународна потерница.

Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски објасни дека според исказите на приведените, организираната група решила да го убие девојчето, а потоа да бара пари од мајката. Точното време на убиството ќе се знае откако ќе ги добијат наодите од обдукцијата.

Од изјавите на приведените дознале и дека таткото ги дал информациите кога Вања ќе излезе од дома.

„Во однос на инволвираноста на таткото, двајца од осомничените кои сега се во краткотраен притвор и кои што зборуваа овде, наведуваат дека во однос на позициите на детето кога ќе излегува, како ќе излегува ги разбрале од осомничениот кој што сега не е во државата. Но им кажал дека тоа тој го знае тоа од таткото. Тоа се засега посредните докази со кои располагаме во овој момент и кои некако го насочуваат дејствието на истрага кон таткото заради грабнувањето на Вања“, рече обвинителот Бубевски.

Тој нагалси дека нема дилема дека осомничените ќе ги добијат најтешките казни што постпојат во македоснкто закоснодавство оти веќе има докази дека двете убиства се поврзани.



Слични Објави