ТАТКОТО НА ГВАРДИОЛА ИМА САМО ЕДНА ЖЕЛБА И СЕ НАДЕВА ДЕКА ПЕП ЌЕ МУ ЈА ИСПОЛНИ!

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола сè уште не одлучи дали ќе ја продолжи соработката со екипата на Манчестер Сити. Тој на клупата на англискиот клуб пристигна летото 2016 година и потпиша петгодишен договор. Сепак, клубот „Етихад“ сака да започне преговори за продолжување на соработката и да го задржи трофејниот стручњак до летото 2021 година.

Меѓутоа, Гвардиола изјави дека сè уште не знае што сака да направи во иднина или дали се гледа себеси на клупата на Манчестер Сити. По таа негова изјава, сосема очекувано, веднаш започнаа шпекулациите дека Пеп може да се врати во Барселона, иако засега нема потврда од Шпанецот.

Но, доколку се прашуваше неговиот татко Валенти, тогаш Пеп веднаш ќе се вратеше во каталонскиот клуб. Во интервју за „Марка“, тој изјави дека има голема желба повторно да го види својот син на клупата на Барселона.

Ако дојде понуда од Барселона, тој може да ја прифати, но да биде тренер, а не претседател како што неодамна се зборуваше. Моја голема желба е повторно да биде тренер на Барселона и се надевам дека ќе ја исполни. Јас не му давам совет, тој сам си ги носи одлуките, но можам да си ги кажам моите желби, се пошегува Валенти Гвардиола.

Извор: Спорт1



Слични Објави