| |

Taжна вест: Почина познатиот бугарски фоторепортер, новинар и антикомунист Цветан Томчев

Во 63-тата година од животот на Божик не напушти познатиот бугарски фоторепортер и новинар Цветан Томчев. Тажната вест ја соопштија негови колеги и пријатели во социјалната мрежа Facebook.

,,На големи црковни празници си одат луѓето со чисти души. Но тоа не ме смирува, посебно кога си одат луѓе без време. Оваа ноќ во својот сон од овој свет си заминал мојот пријател и содејник Цветан Томчев”, пишува познатиот бугарски новинар Горан Благоев.

,,Точно на Рождеството Христово тивко во својот сон. Господ велат така ги прибрал праведните луѓе. Ти сигурно беше еден од најдобрите и еден од најхрабрите луѓе кои воопшто ги имало на таа грешна земја. Колку ќе ни фалиш драг пријателе. Почивај во мир и светлина”, пишува бугарската новинарка Даниела Горчева.

,, Ужасна вест, оваа ноќ во својот сон почина мојот близок пријател и колега Цветан Томчев. Бог го прибра на Божик, без да насети, како вистински праведник. Ќе останеш засекогаш во нашите срца братко. Да е светол неговиот пат нагоре, почивај во мир”, напиша новинарот Калин Манолов.

Цветан Томчев е познат бугарски општественик кој се бореше против руското влијание во Бугарија. Организираше протести, демонстрации и други акции против експонентите на руската пропаганда во Бугарија. Автор е на фото изложби и документарни филмови. Еден од неговите последни проекти беше ,,Раскази од преизподнјата” во која Томчев ги запишува сведоштвата на роднини, на репресирани од комунистичкиот режим од Бугарија луѓе а исто така и сведоштва за убиствата на комунистите во Бугарија.

Работел 30 години како фото репортер во едни од најголемите бугарски весници ,,Труд”, ,,Ноќен труд” и ,, Стандард “.
Носител е на огромен број новинарски награди, како фотограф на годината и наградата ,, Црноризец храбар” на Сојузот на издавачите во Бугарија. Томчев беше предавач во Нов бугарски универзитет по струката фоторепортер.

Тимот на порталот Трибуна изразува длабоко сочувство на семејството, роднините и пријателите на Цветан Томчев. Бог да го прости Цветан Томчев, тој беше голем бугарски патриот и добар човек.

Слични Објави