На 02.08.2018 година во 17,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај с.Облавце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Дачија дастер“ со скопски регистерски таблици управувано од М.П. (70) од Скопје, патничко моторно возило “Цитроен“ со кумановски регистерски таблици управувано од И.П. (30) од с.Режановце-Куманово и мотоцикл без регистерски таблици, управуван од Ј.В. (23) од Куманово. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.В., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Куманово, по што бил префрлен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Во времето од 17,30 до 18,45 часот, сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка бил во прекин. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Најново од Вести
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека Вашингтон ќе се погрижи за наводниот кинески шпионски балон
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави победа на партијата на следните избори, што како што рече,
Институциите на системот денеска не дозволија да успее сценариото на оние кои не и мислат добро
Теоретичарите на заговор на Интернет ја злоупотребуваат ненадејната смрт на деца, тинејџери, спортисти и познати личности
Сирените за воздушен напад се огласија низ Украина откако руски авион МиГ-31К полета од аеродром во