ТЕСТ: ШТО ВИДОВТЕ НАЈПРВО НА СЛИКАТА?

Начинот на кој го согледуваме светот е определен од нашата личност. Првото животно што ќе го видите на сликата навистина може да ги прикаже скриените аспекти на вашата личност. Таа е формирана од нашето искуство и генетиката. Психолозите велат дека нашите најрани искуства, често го програмираат нашиот мозок на начин кој решава како ќе ги гледаме луѓето и светот околу нас.

Кое животно го видовте најпрво на сликата?

Орел
Оваа кралска птица лета високо и е многу елегантна. Ако сте го забележале најпрво орелот, вие сте фокусирани и прецизни и не оставате ништо на случајноста. Имате аристократска доверба, бидејќи немате време за драма и за други такви незначајни работи. Вие сте храбри и не се плашите да ги „поздравувате” нештата што не ги знаете.

Пеперутка
Пеперутката е симбол на двојноста на животот. Таа е нежна, позната по својата убавина и поминува низ најмрачните времиња во кожурецот. Ако ова е првото нешто кое го привлекло вашето внимание, вие сте шармантна однадвор и носите непобедлив дух во себе.

Куче
Кучињата се најдобриот пријател на човекот. Тие се лојални и мили кон луѓето. Откако ќе ги прегрнете, тие можат да го вратат вашето добро расположение во најтешките моменти. Ако најпрво забележавте куче, вие сте мудри и знаете што е навистина важно во животот. Се поврзувате со луѓе и каузи и ништо не може да ја скрши вашата волја откако ќе донесете одлука. Знаете како да се опуштите и да се забавувате.

Богомолка
Богомолката е позната по своите извонредни молитвени вештини. Нејзините сили се прецизност и трпеливост. Бидејќи може да остане неподвижна со часови и да напаѓа во вистинското време, никогаш не прави несериозни дејства. Ако најпрво сте го забележале малото зелено суштество, вие сте многу решителни и имате силна волја. Луѓето можат да ве потценат, бидејќи не привлекувате внимание, но кога ќе дојде време, знаете како да бидете победник.

Рак
Раковите се фасцинантни и комплексни. Со своите егзотични бои тие можат да се сокријат добро, но тоа е затоа што нивните животи не се лесни. Ако ова е првото нешто што сте го забележале, вие сте паметни и многу итри. Вашиот надворешен изглед лаже, затоа што животот ви задал многу тешки удари. Имате мека душа што секогаш бара љубов.

Волк
Волкот се смета за духовен лидер поради мудроста што ја носи. Мистериозниот, храбар и интуитивен волк може да ја задржи глутницата, но се осмелува да оди сам во темната шума. Ако ова е првото животно што го забележавте, честопати „шетате“ по „работ“. Барате авантура и мистерија. Вие одбивате да ги следите општествените норми и правила. Но кога станува збор за заштита на некој близок, никој не може да биде толку суров и страстен како вас.

Коњ
Роден да биде слободен и див, коњот ја цени слободата повеќе од било што друго. Бидејќи тој е гордо суштество, без многу врева, го остава своето срце да го води. Ако ова прекрасно животно е првото нешто што го забележавте, имате див дух. Но, како и коњот, вие секогаш сте спремни да им помогнете и да ги поддржувате луѓето. Често се забавувате со вашите блиски пријатели и сте „заразни“ со вашето добро расположение. Ако треба да избирате помеѓу слободата и љубовта, вашето срце ги става вашите најблиски пред вашите сопствени потреби.

Петел
Петелот е колоритен, чуден и брз. Тој го користи својот остар ум, за да се движи по тешките патишта, а кога станува многу тешко, сѐ што треба да направи е само да прелета над проблемите. Ако петелот е првото нешто кое го видовте, вие сте духовити, паметни и искусни. Луѓето можат да бидат „залажани“, бидејќи вие обично сте тивки, но често на крајот знаете да изненадите со некоја ваша постапка. Вие се борите без страв и не се плашите да направите врева кога нешто неправедно се случува. Вие сте природен лидер кој не се плаши да ја каже вистината.

Гулаб
Овој амбасадор на мирот е чист, убав и нежен. Но многу малку се зборува за исклучителната сила која овие прекрасни птици ја имаат, која им овозможува да мигрираат, понекогаш дури и во соседните земји. Ако гулабот ви го привлекол вниманието, најверојатно изгледате тивка и многу повлечена, но вие имате огромна сила, благодарение на која ги надминувате и најголеми тешкотии. Вие сте мудри и ја инвестирате вашата енергија во градењето на семејството или заедницата. Избегнувате конфликти и спречувате малите работи да ве вознемируваат.



Слични Објави