ТЕТОВЧАНКА ПОВРЕДЕНА НА УЛИЦА
Педесет и четиригодишниот Х.Х. од тетовското село Порој вчера околу 17 часот на улицата „Страшо Пинџур“ додека управувал „голф“ со скопски таблички удрил во пешакот Ј.Т. (23) од тетовското село Непроштено.
Во незгодата, Ј.Т. се здобила тешки повреди и била пренесена во клиничкиот центар во Тетово каде била задржана на лекување.
