|

Тетовка крадела од Центарот за зависности во Куманово

Вчера во 15.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово. Таа се сомничи дека истиот ден одзела паричник и пари од канцеларија на вработена во Центар за зависности во Куманово.

Б.Ј. била приведена во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По документирање на случајот, против лицето ќе следи соодветна пријава.

Слични Објави