The Independent: Сончев Брег нуди многу повеќе, а чини помалку од Мармарис
Сончев Брег го надмина турското одморалиште Мармарис како најприфатлива дестинација за семеен одмор. Истражувањето на The Independent ги спореди цените на 10 основни производи, вклучувајќи храна, пијалоци и креми за сончање и откри дека одморалиштето на Црното Море нуди најдобар сооднос цена – квалитет за британските туристи во 2024 година.
Комбинација од сите горенаведени десет предмети чини 110 фунти за едно британско семејство во Сончев Брег. Во овој поглед, бугарското одморалиште не е само пред Мармарис, туку и пред другите буџетски дестинации за семејни одмори како Ибица, Алгарве, Лансароте итн. Ова е причината поради која многу Британци летово ја избраа Бугарија, се вели во написот на The Independent.

