Тимот американски истражители заминал од Македонија потврдија од американската амбасада
По една недела престој, тимот за санкции од Вашингтон, кој има за цел поагрсивно да врши мониторинг врз правосудството и да истражува корупција кај поранешни и актуелни функционери си заминал од Македонија.
Оваа информација за Канал 5 ја потврдија од американската амбасада во земјава. Во одговорот кој ни го испратија нема детали до какви сознанија дошле луѓето од тимот и дали повторно ќе се вратат во Македонија, но велат дека САД се посветени на тоа да ги повикуваат на одговорност оние кои се вклучени во значителна корупција и ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво.
„ Стејт департментот разгледува низа достапни органи на власта, кои во координација со меѓуресорски колеги, преземaат соодветни активности за да се спротивстават на корупцијата. Преку идентификување под овие органи на власта, Соединетите Држави можат да промовираат одговорност за сегашни и поранешни владини функционери, кои се впуштаат во корупција, или вршат кршење и злоупотреби на човекови права, и да ги поддржуваат напорите за попречување или одвраќање од идни злоупотреби“, велат од амбасадата на САД во земјава.
