| |

Тодор Александров и Иван Михајлов биле Бугари и не треба посмртно да се менува нивниот идентитет*

Facebook статус на Тони Коцев

“ Како бе тоа Тодор , Ванчо … се Бугари а се родени во Ново Село , Штип , Република Македонија и се бореле за независна и самостојна република Македонија . Контрадикторен си бескрајно пријателе “ . – Коментар од мој ФБ пријател под моја објава во која тврдам дека и Тодор и Ванчо се изјаснувале како македонски бугари .

Иако лично не го познавам човекот , врз основа на негови коментари сум заклучил дека се работи за добар човек , чувствителен , отворен за комуникација и искрен . Увидувајки веројатно дека погрешил со тврдењето ( штом Тодор и Ванчо се родени во Македонија , тогаш мора да се етнички Македонци ) – го избришал коментарот со што ме лишил од можноста да му дадам свое објаснување , па еве со посебна објава ке се обидам да му одговорам :

Местото ( Штипско Ново Село ) , регионот ( Македонија ) или државата ( Отоманско империја ) каде што некој е роден и живеал , не го определува етничкиот идентитет . Личната самоидентификација е клучен аспект на етничкиот идентитет , покрај семејното потекло . А и Тодор и Ванчо многу пати јавно се изјаснувале дека се чувствуваат како Бугари . Во нивните писма , документи , книги … се дефинираат како Бугари – факт . Тезата дека штом некој е роден во Македонија е македонец не е на место , пример : Питу Гули е роден во Македонија , се борел и загинал за слободата на Македонија , ама и во Бугарија и во Македонија го признаваат како влав и кај него нема никаков спор за неговата етничка определба – факт .

П . С: Пријателе , тоа што ти се чувствуваш за етнички македонец мене тоа ме радува и го почитувам тоа . Тука нема спор . Но твоето етничко поистоветување со Тодор и Ванчо не е правилно од едноставна причина што тие себе си се сметале за Бугари . Етничкиот идентитет е динамичен и може да се менува со текот на времето под силно влијание на различни фактори и искуства со силна децениска пропаганда . Во случајов , посмртно не треба да им се менува идентитетот на луге кои додека биле живи се изјасниле како што сметале за себе си во смисла на етничка припадност . Тоа што тие некогаш биле Бугари , денес не те прави тебе помалку Македонец . Поздрав пријателе и секое добро .

* Насловот е на редакцијата



Слични Објави