| |

Трагедија во Бугарија- Двајца бугарски пилоти загинаа откако во базата Граф Игњатиево се урна борбен авион

И двајцата воени пилоти на борбениот авион што се урна во Граф Игњатиево се загинати. Тоа го соопштија на извонреден брифинг пред базата крај Пловдив бугарскиот премиер Димитар Главчев и министерот за одбрана генерал Атанас Запрјанов, јавува БГНЕС.

Двајцата пилоти имале големо искуство и биле инструктори. Загинатите се мајор Петко Димитров и старшилејтанант Венцислав Дункин.

За нив командирот на бугарските воено воздушни сили генерал мајор Димитар Петров изјави дека биле одлични пилоти и биле одлично подготвени.

Министерот за одбрана генерал Атанас Запрјанов најави ден на траор.



Слични Објави