(Видео) Бујар Османи: Ги повикувам надлежните органи да ги направат сите можни напори за откривање на сторителот на овој вандалски акт

/

Најостро го осудуваме вандалскиот напад кон здружението „Иван Михајлов“ во Битола. Ваквиот акт е доказ дека многу актери се против постигнувањето на напредок во дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина. Со овие зборови во видео обраќање објавено на социјалната мрежа Facebook министерот за надворешни работи на РС Македонија Бујар Османи го осуди палењето на клубот на КЦ Иван Михајлов во Битола.

Во своето обраќање Османи ги повика надлежните органи да ги направат сите можни напори за откривање на сторителот на овој вандалски акт.





Претходна статија

Бугарските социјалисти со осуда за палењето на клубот на КЦ Иван Михајлов во Битола-бараат брзо расвлетлување на случајот

Следна статија

Ковачевски го осуди палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола

Најново од Вести