Бугарската социјалистичка партија го осуди палењето на бугарскиот културен центар во Битола и ја повика владата на РС Македонија да преземе мерки за расвлетлување на случајот, јавува БНТ.
„Најостро го осудуваме овој недозволив чин на омраза и конфронтација. Ваквите дела дополнително го отежнуваат дијалогот меѓу двете земји. Ја повикуваме македонската влада да преземе мерки против ваквото однесување и да спречи истото да се повторува“, изјави заменик-претседателот на БСП Иван Ченчев.