Џамбазки ќе ги информира европските институции за палењето на клубот на КЦ „Иван Михајлов“ во Битола
Европратеникот Ангел Џамбазки ќе испрати сигнал до Европската комисија, до сите негови колеги во Брисел, до Советот на ЕУ и до француското претседателство за палењето на клубот на КЦ „Иван Михајлов“ во Битола, пренесува БТА.
„Нема зборови со кои може да се опише одвратното, непријателско и патетично однесување на оние што го запалија КЦ „Иван Михајлов“ во Битола“, рече европратеникот и копретседавач на ВМРО.
„Ова е резултат на фалсификациите на историјата, на лагите и на непрестајниот јазик на омраза кон Бугарите и сè што е бугарско. Ова е резултатот од постапките на политичарите во Скопје. А тие тврдат дека треба да ги пуштиме во ЕУ, рече Џамбазки. Тоа нема да се случи. Се додека не се заштитат правата на Бугарите во Северна Македонија. Се додека не биде казнет секој чин врз Бугарија“, вели Џамбазки.