| |

ТРАЈКОВСКИ (ГДУ): ЛОКАЛЕН ШЕРИФ ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА БИТОЛЧАНИ, БИДЕЈЌИ БАРААТ АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ

Почитувана градоначалничке, бараме одговор од вас по кои критериуми се изведува асфалтирањето во нас. Долно Оризари? Пред да одговорите дека активностите се во тек, одговорете зошто измеѓу се прескокнуваат овие неколку улици и најверојатно ќе останат онакви како што се. Можеби затоа што тие граѓани го искажаа јавно своето незадоволство, па добиле закани од некој ваш „локален шериф“ дека ако продолжат машините ќе ги премесат на друга локација или можеби поради барањата за средба во вашиот кабинет за кои се разбира сте немале време. Мислевме дека времето на закани, уцени и заплашувања е минато, но очигледно вие продолживте по теркот на вашите претходници.

Би сакале да знаеме дали тие машини се ваша лична сопственост? Зошто граѓаните ги делите на ваши и туѓи, па секој добива по заслугите? Дали даноците кои ги плаќате вие имаат поголема вредност од овие овдешните, па во 21-ви век немаат право на елементарни услови за живот? Дали ќе Ви биде сеедно вашите деца во кал да одат на училиште? Почитувана градоначалничке, имате отворена покана да дојдeте и да ја видите реалноста, па ако ова е вашиот вистински пат повелете токму тука да направите уште едно стој на глава, а локалните жители ќе ве пречекаат со преубав тикварник. Онај вашиот можe да го зачувате за оние кои ви ракоплескаа на вашата приватна забава во центарот за култура. , рече Благојче Трајковски, претседател на ГДУ-Битола.



Слични Објави