| |

ТРАЈКОВСКИ: КОНТРА АПЕЛ ДО ОПШТИНА БИТОЛА

„Почитувана Градоначалничке м-р Наташа,
Ви благодариме за вашата заложба, морална поддршка и потсетувањето на препораките од Министерството за здравство. Доколку тоа е сѐ што вие го преземате во оваа ситуација ќе биде уште еден доказ за вашата неспособност и грешката што воопшто се нафативте на оваа функција. Ќе ве замолам во иднина да не се грижите толку за нашето добро. Дали е доволно тоа што наложивте дезинфикција на училиштата, градинките и јавните претпријатија во оваа ситуација? Дали е во интерес на граѓаните тоа што сте испратиле сапун, тоалетна и дополнителни средства за хигиена во јавните претпријатија кои се под ваша надлежност? Дали е доволно тоа што сте наложиле да се дезинфицираат просториите во Општинската зграда? (ќе ве потсетам за следниот апел да кажете дека и во вашиот дом редовно употребувате средства за дезинфикција). Дали е доволно тоа што сте наложиле возачите во такси компаниите да носат заштитни маски?
Не, почитувана градоначалничке м-р Наташа, не е тоа доволно. Излезете вие и вашите инспектори да видите дали „општествено одговорните“ ги почитуваат мерките и препораките од Владата на РСМ. Направете пренамена на пример на финансиските средства предвидени за сол и ризла, кои и онака не ги видовме две зими, па вршете секојдневна дезинфекција на пофреквентните улици и места (пазари, автобуски постојки, Широк сокак…). Проверете колку респираторни апарати има нашата „Клиничка” болница, и потрудете се да обезбедите дополнителен број. Ставете пунктови за бесплатни заштитни маски и ракавици за тие што не можат да купат по „новите” цени. За насоките за движење на повозрасните граѓани почнете прво од новиот (заеднички) наплатен пункт или наложете времено стопирање на наплатата. Не го наплаќајте надоместокот за закуп на угостителите за нивните тераси…
Не е доволна вашата фотографија за да ја докажете грижата за своите сограѓани, не е ова порака за политички поени или било каков маркетинг, ова е сериозна ситуација во која треба да се обединиме со сите сили и расположливи средства, да ја покажеме својата самокритичност, да ја тргнеме суетата и час поскоро да се избориме до крај“, напиша на својот facebook профил претседателот на ГДУ-Битола, Благојче Трајковски.



Слични Објави