Трамп и Си ќе се сретнат во Јужна Кореја – прва средба по пет години
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе се сретне со кинескиот лидер Си Џинпинг во Јужна Кореја, јавува ДПА. Средбата е закажана за околу 11:00 часот по локално време, соопшти Белата куќа, јавува БТА.
Ова ќе биде првата нивна средба од 2019 година, кога двајцата лидери разговараа во јапонскиот град Осака, за време на самитот на Г-20. Сега, тие ќе одржат разговори во кулоарите на лидерскиот состанок на Азијско-пацифичката економска соработка (АПЕК).
Очекува се Трамп и Си да ги разгледаат американските царини на кинеските увозни производи, како и кинеските ограничувања за извоз на ретки земни минерали. Исто така, се очекува американскиот претседател да побара Кина да преземе посериозен ангажман во борбата против фентанилот – синтетичка дрога која предизвикува голем број смртни случаи во САД.

