| |

Трамп: Ќе се сретнам со Путин и со Зеленски, ако се помине добро

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, доколку неговата средба со украинскиот колега Володимир Зеленски помине успешно, тој очекува да се одржи трилатерална средба со рускиот лидер Владимир Путин со цел да се стави крај на војната меѓу Украина и Русија, jaвува БГНЕС.

„Ќе имаме средба. Мислам дека ако денес сè помине добро, ќе имаме трилатерална средба и мислам дека постои разумна можност да ставиме крај на војната кога тоа ќе го направиме“, изјави Трамп, седејќи до Зеленски во Белата куќа.

Зеленски му се заблагодари на Трамп за организирањето на разговорите, кои подоцна во текот на денот ќе бидат проширени и со учество на европските лидери.

„Ви благодарам за поканата и ви благодарам многу за вашите лични напори да се запрат убиствата и да се стави крај на оваа војна“, рече украинскиот претседател.



Слични Објави