Трамп: Путин навистина ме разочара
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „навистина го разочарал“ поради продолжувањето на војната во Украина, иако Трамп тврди дека направил напори да ги запре борбите, јавува БГНЕС.
На заедничка прес-конференција со британскиот премиер Киер Стармер, Трамп рече дека сметал оти конфликтот во Украина ќе биде „најлесен“ за завршување.
