Јотова закажа седница на Советот за национална безбедност за поморската безбедност по нападите врз два брода во Црното Море
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, закажа седница на Консултативниот совет за национална безбедност поради ризиците за поморската безбедност и критичната инфраструктура на Бугарија во контекст на војната во Украина. Седницата ќе се одржи на 7 октомври, среда, во 13 часот во претседателската институција, јавува БГНЕС.
Темата на седницата е „Актуелни ризици и закани за поморската безбедност и критичната инфраструктура на Бугарија во контекст на војната во Украина“.
Одлуката на претседателката доаѓа по нападот со дронови врз два трговски брода во бугарската исклучителна економска зона во Црното Море. Во инцидентот едниот брод потона, а 18 морнари од вториот брод беа спасени. Двајца од нив се тешко повредени. Судбината на екипажот на потонатиот брод останува непозната.
По нападите, политичките сили побараа претседателката да го свика Консултативниот совет за национална безбедност поради ризиците за безбедноста на земјата и пловидбата во Црното Море.

