ММФ бара итни мерки против инфлацијата

/

Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, денеска ги предупреди претставниците на Г20 да преземат итна акција за борба против инфлацијата, предупредувајќи дека „екстремно неизвесната глобална економска перспектива може да се влоши ако продолжат повисоките цени“.

Говорејќи на состанокот на финансиските претставници на Групата 20 големи економии во Индонезија, Георгиева рече дека ескалацијата на руската војна во Украина го зголеми притисокот врз цените на суровините и енергијата, а глобалните финансиски услови се влошуваат повеќе од очекуваното

Извор: vecer.press





Претходна статија

Османи ќе ја информира Бугарија за заклучоците што денеска ги изгласа Собранието

Следна статија

Украина најавува тужби против американски и европски банки поради наводни врски со руска нафта

Најново од Вести