Османи ќе ја информира Бугарија за заклучоците што денеска ги изгласа Собранието
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Владата најави дека
во вторник во Брисел, кога треба да се одржи првата меѓувладина конференција, ќе ја
чита отварачката изјава на македонски јазик.
– На 19 јули во Брисел, отварачката изјава ќе ја читам на македонски јазик, рече
Ковачевски.
Во однос на Протоколот, Ковачевски соопшти дека е задолжен министерот за надворешни
работи да ја информира Бугарија за заклучоците што денеска ги изгласа Собранието и
најави дека медиумите во текот на денот детално ќе бидат информирани за целиот
процес.
– Во текот на денот, министерот за надворешни работи директно и подетално ќе ве
информира во однос на целиот тој процес и граѓаните преку медиумите ќе бидат
инфрмирани и за процесот и за содржината, рече Ковачевски на прес-конференцијата во
Владата.

