ТРАМП: СЗО Е „КИНЕСКА МАРИОНЕТА“
Тој повторно се закани дека трајно ќе го прекине финансирањето на Светска здравствена организација, ако во следните 30 дена СЗО не постигне одредени подобрувања, пренесува Канал 5.
Трамп синоќа изјави дека повеќе од една седмица зема хидроксихлороквин, лек за маларија, како превентива од новиот коронавирус.
„Фокс Њуз“, кој важи за медиум близок до конзервативците, им порача на своите гледачи да не го следат примерот на Доналд Трамп, кој кажа дека зема лек за маларија за да се заштити од вирусот.
