ТРАМП ЗА ПУТИН: ТОЈ МИ СЕ ДОПАЃА, ЈАС МУ СЕ ДОПАЃАМ И ТОА Е ДОБРО

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Кина и Русија не поседуваат оружје какво што има Америка и одговори на критиките за неговиот добар однос со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп ги прокоментира деловите од книгата на американскиот новинар Боб Вудвард во кои самиот тој открива дека САД развиле нов нуклеарен систем каков што немаат ниту Кина, ниту Русија.

„Имаме одлично вооружување, зборувам за тоа што го направивме. Нашите вооружени сили се посилни од било кога. Потрошивме 2,5 билиони долари на нив во последните 3,5 години. Сега имаме нови ракети. Се надевам дека никогаш нема да мораме да ги употребиме, но нашето нуклеарно оружје е во најдобра состојба во последните неколку децении“, изјави Трамп.

Американскиот претседател додаде дека САД поседуваат „неверојатни системи“ за кои никој не знае и најдобро е тоа да остане така.

„Едноставно сакам да кажам дека американските вооружени сили се најмоќни“, вели Трамп.

„Сум се согласувал со Путин, тоа е „ужас“. Не, тоа е добро ако можам да се согласувам со него, тоа е добро. Јас му се допаѓам на Путин, тој ми се допаѓа мене. „Тој се согласува со Ким Јонг Ун, тоа е ужасно“. Не, тоа е добро, тоа е нормално. Нормално е да не се започнува војна“, изјави Трамп.