|

Трамвај се заби во продавница во Норвешка: Има повредени

Четири лица, меѓу кои и возачот, се повредени денеска во центарот на главниот град на Норвешка, Осло, кога трамвај удрил во продавница, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека во трамвајот во моментот на инцидентот имало 20-тина патници и дека продавницата е многу оштетена, пренесе Ројтерс.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како син трамвај удира во продавница за компјутери во центарот на норвешката престолнина.

Слични Објави