ТРЕНЕРОТ НА ПАРТИЗАН ВЛЕЗЕ ВО АКТЕРСКИ ВОДИ – ГЛУМИ ВИЗАНТИСКИ ЦАР ОД СРЕДНИОТ ВЕК

Поранешниот југословенски репрезентативец и актуелен тренер на белградски Партизан, Саво Милошевиќ влезе во актерските води, па глуми византиски цар од средниот век во документарно-уграна серија од српска продукција.

Како што објавија српските медиуми, во изминативе денови привршувала со снимање во Смедерево втората сезона од циклусот „Српските јунаци во средниот век“, а Милошевиќ добил улога да глуми византиски цар. Ова не е првпат Милошевиќ да влезе во актерски води, зашто претходно глумел и во театарската претстава „откачени“, но сега првпат има улога во филмската индустрија.

Тренерот на Партизан е поранешен фудбалер на овој клуб, со богата интернационална кариера во Астон Вила, Сарагоса, Парма, Еспањол, Селта Виго, Осасуна и Рубин Казањ, а има 100 меча за селекцијата на СР Југославија, Србија и Црна Гора односно самостојна Србија после распадот на бивша СФРЈ.

Извор: Спорт1

Слични Објави