| |

Три бугарски образовни установи во Романија ќе соработуваат за промоција на бугарскиот јазик, традиции и обичаи

Бугарскиот теоретски лицеј „Христо Ботев“ во Букурешт на 20 ноември потпиша договори за соработка со две училишта од бугарските заедници во Романија. Целта е да се поттикне изучувањето на бугарскиот како мајчин јазик и да се негуваат традициите и обичаите на заедниците, соопштија училиштатa, пренесува Радио Бугарија.

Договорите беа потпишани во Извоареле и Балени. Партнери на лицејот се Основното училиште „Извоареле“ во округот Телеорман и Технолошкиот лицеј „Удрја Балјану“ во Балени, во округот Дамбовица.

Соработката предвидува размена на искуства меѓу учениците и наставниците и заеднички образовни, културни, творечки и спортски активности, вклучително и по примерот на програмата „Еразмус+“. Учениците ќе можат да ги користат просториите и опремата на трите училишта за заеднички проекти. Партнерството ќе им помогне и на учениците од Извоареле и Балени да се подготват за упис во лицејот „Христо Ботев“.

На средбите учесници од различни возрасти изведоа песни и рецитираа стихови на бугарски јазик, а настапија и со бугарски народни ора.

Слични Објави