ТРИ ПОЖАРИ ВЧЕРА ВО МАКЕДОНИЈА

//

На 10 мај во 12 часот во село Бигла Долна Маала, Делчево настанал пожар во куќа сопственост на О.С. (51).

Во 15 часот од страна на екипа од Противпожарна единица – Делчево пожарот е изгаснат. Извршен е увид.

Во Скопје на улица „Филип Втори“ во објект на Народна банка, синоќа околу 19:40 кој е во изградба, настанал пожар во кој е опожарена пилевина.

Пожарот е целосно изгаснат околу 20:10 часот од екипа на Противпожарна единица.



Ноќеска на полноќ од Противпожарна единица било пријавено дека избувнал пожар во кругот на фабрика „Железара“ каде бил запален отпад од „Челичарница“ и дека од нивна страна се интервенира од околу 21:30 часот.

Извор: Курир

Претходна статија

ПРОМОЦИЈА НА ЗБОРНИК ПОСВЕТЕН НА Д-Р ДРАГИША ЗДРАВКОВСКИ

Следна статија

ОДБРАНАТА ВО СЛУЧАЈОТ „ТОПЛИК“ НА СЈО СЕ СОМНЕВА ВО АВТЕНТИЧНОСТА НА АУДИО МАТЕРИЈАЛИТЕ, СУДОТ НЕ МУ ДАДЕ ЗБОР НА ТЕХНИЧКИОТ СОВЕТНИК

Најново од Вести