ПРОМОЦИЈА НА ЗБОРНИК ПОСВЕТЕН НА Д-Р ДРАГИША ЗДРАВКОВСКИ
Во Археолошкиот музеј на Македонија, днеска, со почеток во 13 часот ќе се одржи промоција на зборникот „Драгиша Здравковски – IN MEMORIAM – културните манифестации во периодот на неолит на територијата на Република Македонија и соседните региони“ …
Зборникот е посветен на д-р Драгиша Здравковски, археолог, кустос советник за младото камено време – неолит, кој својот професионален живот го посвети на истражувањето, афирмирањето и презентирањето на македонското движно културно наследство пред домашната и светската научна јавност.
Во зборникот печатени се научни трудови во кои се прикажани резултатите од археолошките истражувања во неолитските населби на територијата на Македонија, Бугарија и Грција.
Дел од печатените трудови беа презентирани на манифестацијата „Недела на археологијата“, одржана во Археолошкиот музеј на Македонија, во 2015 година, како дел од сесијата на предавања за неолитот, посветена на животот и делото на д-р Драгиша Здравковски.
Зборникот финансиски е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, издавач е Археолошкиот музеј на Македонија. Уредник е м-р Елена Стојанова Канзурова, а промотор на зборникот е проф. д-р Драги Митревски.